За нас

Расадникот Левидиа е регистриран во Декември 2012 како директна Турска инвестиција во Македонското земјоделие. Се занимаваме со производство на овошен саден материјал: јаболка, круши, сливи, лешник, бадем, праска, кајсија, калемен орев но исто така располагаме и со садници од лимон, мандарина, калинка, портокал, маслинка и многу други овошни видови. 

Склучивме деловно-техничка соработка со реномирани расадници од Бурса, Бандрма, Измир со цел да ја примениме технологијата на производство која е усвоена во р. Турција. Отворивме можности за производство на нови овошни сорти кои се добро познати на Европскиот пазар. 

Покрај нови сорти воведовме и производство на саден материјал на ин-витро подлоги кои се обезвирусени и сертифицирани со цел да се овозможи модернизација на Македонското овоштарство и доближување до стандардите на ЕУ.

Расадникот Левидиа располага со површина од 21 Ха во Зелениково (Скопски регион) покрај реката Вардар, наменета за производство на секаков вид на саден материјал. Го прошируваме нашиот асортиман на овошни дрвца и ќе го збогатиме со производство на зимзелени дрва, украсни дрва и сите видови на бобинки. 

Чест и задоволство ни е да го најавиме и отварањето на најголемиот гарден центар во Македонија на 1-ви Ноември 2014 год кој изобилува со секаков вид на саден материјал. Лоциран е на Качанички пат (патот за Косово) на површина од 5,000м2.

Со оваа за нас многу значајна Турска инвестиција насочена во област на расадничарството се надеваме дека ќе ги прошириме можностите за промовирање и унапредување на нашето овоштарство. 

Ве чекаме да не посетите.

 

Калемен орев

Левидиа врши продажба на садници на КАЛЕМЕН ОРЕВ од сортите Chandler, Pedro, Franquette, Fernette, Yalova 1,3,4 и Bursa 95.

Demo
 

Chandler


Demo
 

Pedro


Demo
 

Franquette


Demo
 

Yalova


Повеќе информации за калемен орев

Welcome 200GBP Bonus at William Hill here.

Каталог на садници

Работно време и контакт информации

Понеделник - Петок 9:00 - 16:00
Сабота 9:00 - 14:00
Скопје, Качанички пат
02 614 76 59 levidia@levidia.com.mk


facebook LinkedIn