• Home
  • Blog
  • Отварање на Левидиа Гарден Центар

Отварање на Левидиа Гарден Центар

– Ние сфативме дека Македонија е најдобра земја за инвестиција и за профитабилен бизнис за нас и за македонците. Ни се реализира идејата за само две години – изјави Јашар Озкул.



Расадникот Левидиа е турска инвестиција во македонското земјоделство. Се занимава со производство на овошен саден материјал од јаболки, круши, сливи, лешник, бадем, праска, кајсија, калемен орев, а располага и со садници од лимон, мандарина, калинка, портокал, маслинка и многу други овошни видови.

- Левидиа има склучено деловно – техничка соработка со реномирани расадници од Бурса, Бодрум и Измир со цел користење на нивните искуства и технологија на производство. Со својата работа и внесување на новитети во расадничкото производство, Левидиа ги проширува можностите за промоција и развој на македонското овоштарство, а процесот го заокружуваме со комплетно решение за наводнување и заштитни мрежи – вели Јасмина Луканова.

Гарден центарот Левидиа се наоѓа на локација Качанички пат и располага со голем избор на зимзелени дрвја и украсни растенија.

Welcome 200GBP Bonus at William Hill here.