Сибирскиот лимон е популарен кај љубителите на домашни градини и оние кои уживаат во собни декоративни растенија.

Со правилна нега, ова дрво преставува вистинска убавина во вашиот дом.

Како за сите растенија, така и ова цитрусно растение си ја бара својата доза на љубов и грижа. Сепак разбирливо е дека за да се даде правилната нега потребно е да го познаваме растението кое што го одгледуваме.

Не грижете се, тимот на Левидиа издвојува некои каратеристики за подобро да се запознаете со сибирскиот лимон:

  • Потекнува од Кина и Кореа, своето име го добива поради својата издржливост на ниски температури
  • Поднесува температура од -25 °C до -30 °C
  • Плодовите што ги дава се топчести и имаат жолта боја, созреваат во доцна есен
  • Вкусот им е исклучливо кисел и помалку горк
  • Содржи двојно повеќе витамин Ц од обичниот лимон
  • Богат е со витамин П, кој е многу редок да се најде во други плодови на овошје и зеленчук
  • Во медицината се користи и како алтернативен лек за алергија

Нешто омилено според нас што може да го издвоиме кај сибирскиот лимон е цветот што го создава кога расцветува.

Белиот, опојно миризлив цвет е она што го прави привлечна и посакувана декорација во градината или домот.

Доколку сте заинтересирани за повеќе информации контактирајте не на 02 614 7659