Левидиа со својот расадник за овошни садници, матичњаци и гарден центар за хортикултурно уредување е прва странска инвестиција во Р. Северна Македонија која што направи спој помеѓу овоштарството и хортикултурата. Фирмата е основана во 2012 год со помош на финансиска поддршка од Турција.
Создадовме тим од инженери од областа на агрономијата и шумарството и делуваме во неколку области:
- Продажба на овошен и сертифициран саден материјал;
- Совети за подигнување на овоштарници;
- Продажба на декоративни растенија за надворешно уредување;
- Уредување на дворови, паркови, балкони, тераси и сл;
- Одржување на тревни површини;
- Резидба и заштита на растенијата;
- Шишање на високи огради;
- Заштита од ерозија со техника hydro-seeding;
- Проекти за надворешно уредување
ЗА НАС



Расадникот за овошни садници и матичњаци е на површина од 21 хектари во еколошкиот регион Зелениково, покрај реката Вардар. Произведуваме саден материјал на ин-витро подлоги кои се сертифицирани и воведуваме нови сорти кои што се барани на европските пазари. Настојуваме да го доближиме нашето овоштарство до стандардите на ЕУ. Учествуваме во изработка на програми за ИПАРД и други апликации кои што го поддржуваат финансиски нашето земјоделие.

Гарден центарот Левидиа се наоѓа во Визбегово, на Качанички пат (патот за Косово) на површина од 5.000м2. Изобилува со секаков вид на саден материјал: овошни садници, декоративни растенија за надворешно уредување, егзотични и тропски растенија, сезонско цвеќе, семиња и друг посадочен материјал. Исто така ја збогативме програмата со органски и неоргански ѓубрива и препарати за заштита на растенијата. Неуморно работиме на промовирање и унапредување на нашата околина
Посетете не во нашиот продажен салон – Гарден Центар Левидиа во Визбегово:
Ве очекуваме,
Тимот на Левидиа.