Градинарството ни помага да ја развиеме моториката на телото

Моторните вештини се всушност физички вештини кои ги учиме како деца. За успешен раст и развој, моториката е важен дел кој се поврзува со нашиот интелект. Физичката активност игра голема улога во емоционалниот, физички и интелектуален развој.

Градинарството може да биде одличен фактор во зајакнување на моторните вештини. Без разлика дали сте млади или стари, градинарството е одлична активност која ќе го подобри вашиот животен стил и здравје.

Кај возрасните, моториката што ја учат како мали не исчезнува, но, од големо значење е да се одржува истата.  Повреди, болести и други нарушувања многу често може да предизвика пречки во способноста за движење и доаѓа до потреба на физичка терапија за нејзино надминување.

Во градината користиме широк спектар на фини моторни вештини за да ја извршиме работата што е потребна.  Всушност, ја користиме својата физичка способност за одгледување на растенијата, берење на плодови, плевење на градинарски кревети, трансплантација на садници, садење семе и сите преостанати градинарски задачи.  Повторувањето на овие активности ни помага да се подобри нашата физичка спремност, па така, она што претходно претставувало поголем напор на крајот станува лесна и едноставна работа.

Фокусирајќи се на овие мали деликатни движења, ја тренираме координацијата со рака и око, ги одржуваме рацете и мускулите и стануваме повеќе флексибилни.

Поголемите физички вештини ја зголемуваат координацијата на мускулните групи. Тука подразбираме  активности како што се преместување на градинарската количка,  ископување на почвата, косење на трева и слично.

Сите ние почнуваме да стануваме побавни и потешко се движиме кога старееме, но студијата покажува дека стапката на мускулна атрофија не е толку значајна ако останеме редовно активни. Па според нас, одржувањето на градината е одличен начин да останеме физички активни. И да не заборавиме, добивката која ја имаме од пријатно средена околина каде што може да поминеме убаво време во релаксирање и уживање.

Ви препорачуваме да го земете во предвид градинарството како начин кој ќе го одржува вашето физичко и психичко здравје.